четврток, 24 октомври 2024

Полицијата во акција – дијаманти, празни магацини, непостоечки косовски државјани, милиони евра…  

Неплатен данок во милиони евра, лажен поврат на ДДВ во милиони евра, пронајдени дијаманти, префрлани пари во Турција, организирана шема на продавање на македонски фирми на непостоечки косовски државјани заради перење пари, неплатени царини, празни магацини во кои според документација требало да има милионски вредна стока, сомневање дека во целата шема се вмешани раководители во УЈП и во Царинската управа, камиони полни со документи… Ова се само дел од досегашните сознанија на големата акција на полицијата и на обвинителството за даночни измами и даночно затајување.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека издале наредби за претреси на домови и други простории на повеќе локации во повеќе градови. Запленета е масивна документација, како и електронски записи кои ќе се анализираат.

Се споменува дека при акцијата се пронајдени милионски суми на кеш-пари, но и дијаманти.

Засега е познато само едно име, Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица и близок пријател со семејството Заеви. Крмзов и уште три лица засега останаа без пасоши и изречена им е мерка на претпазливост.

Според сите досегашни сознанија, во оваа предистражна фаза, можно е на Крмзов друштво да му прават и други бизнисмени, но и високи политичари и одговорни лица во државните институции.

Она што Здружението на оштетени штедачи во пропаднатата Еуростандард банка и јавно го објавуваа, дека од банката се земале милионски кредити, без да се плати ниту една рата, а најголем број од фирмите кои земале такви кредити биле од Струмица, чии директори биле многу блиски со поранешниот премиер Зоран Заев, во последната полициска акција за бројни криминални шеми почнува да се открива.

Од предистрагата се дознава дека дел од парите на Еуростандард банка биле префрлани во Турција.

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов е предмет на истрага поради сомневања за даночно затајување и перење пари. Во рамки на предистражните активности, истражните органи ги разгледуваат неговите компании, кои наводно биле вклучени во различни финансиски малверзации во изминатите години. Дополнително, во неколку случаи, неговото име беше јавно споменувано во медиумски стории за и за криумчарење луксузни стоки.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред два дена изјави дека се работи за криминал од епски размери.

Се поставува и прашањето кој и зошто овие очигледни криминали на лажен поврат на ДДВ, на формирање синџир на компании кои на крај завршуваат кај непостоечки косовски државјани заради перење пари и неплаќање даноци кон државата, на неплаќање царини, на неплаќање рати за кредити… го овозможувал и ги заборавал предметите по фиоки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ