недела, 20 октомври 2024
Во Велес

Полицијата утврдува кој кого тепал откако маж и жена меѓусебно се пријавувале за насилство

Во велешката полиција, 36-годишник од Велес синоќа во 21:30 часот  пријавил дека  во семејната куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 41- годишна сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

Околу 22:00 часот и 41- годишната жена пријавила дека во домот била физички нападнат од 36- годишниот сопруг, информира утрово Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ