сабота, 27 јули 2024

Полицијата уапси затвореник баран со потерница

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа пред полноќ го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор, а при апсењето кај него била пронајдена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека околу полноќ на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило алфа ромео во кое имало уште две лица.

„Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А. и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родителите. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“, се појаснува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ