сабота, 19 октомври 2024

Полицијата уапси двајца Израелци кај кои пронашла различен вид дрога

Двајца израелски државјани се уапсени вчера во скопската општина Аеродром откако полицијата кај нив нашла дрога и алатки за нејзина преработка. Во истиот ден поради поседување дрога полицијата уапси уште двајца скопјани, едниот во Карпош другиот во Гази Баба.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера напладне во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Т.Н. и Т.А. двајцата од Израел, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, таблети, тврда материја, шишенце со течност итн…По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во билтенот на МВР.

Попладнето пак во 17 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.

„При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

А, вчера вечер исто така во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ч. од село Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ