сабота, 19 октомври 2024

Полицијата пронајде дваjца избегани затвореници

Полицијата успеа да пронајде двајца затвореници кои биле избегани од затвор. Едниот отслужувал затворска казна поради измама, а делото на другиот е поврзано со дрога.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Исто така, денеска во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил  баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа.

Лицата ќе бидат спровeдени во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ