недела, 26 мај 2024

Полицијата прекина конференција на десничарски партии во Брисел, се огласи Орбан

Белгиската полиција ја прекина денес конференцијата „Национален конзервативизам“ во Брисел, наводно поради загриженост за јавниот ред.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Десничарската конференција, одржана на трета локација откако првите две беа откажани поради предупредувања од левичарски групи дека ќе ја прекинат, ја организираше американската фондација Едмунд Бурк под називот „Национален конзервативизам, зачувување на националната држава во Европа“, пренесува Асошиејтед прес.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го искоментира затворањето на конференцијата на социјалната мрежа Икс, со оценка дека власта „не можела да ја поднесе слободата на говорот“.

„Последниот пат кога некој сакаше да ме замолчи со полиција, ја испратија комунистите по мене во 1988 година. Не се откажавме тогаш, нема да се откажеме ни сега“, напиша Орбан.

Најџел Фараџ, британскиот политичар познат по водењето на кампањата за брегзит, на присутните на конференцијата им порача дека „се борат против нов облик на зла идеологија“.

Фокусот на конференцијата биле претстојните избори за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ