четврток, 23 мај 2024

Полицијата поднесе пријава против полицаец, криел предмет против своја колешка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), поднел кривична пријава против З.Л., полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Југ, осомничен за сторени кривични дела несовесно работење во службата и посебни случаи на фалсификување исправи, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност несовесно постапил во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвиден рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, а за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А.,  ниту своерачно ја потпишал“, се појаснува во соопштението.

На тој начин, се додава во соопштението, пријавениот му нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ