сабота, 27 јули 2024

Полицијата поднесе две кривични пријави за поттикнување омраза и нетрпеливост преку фејсбук

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Т. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“. Охридската полиција пак, поднесе кривична пријава против 47 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за дека ширел расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Објавено на

часот

Сподели

„На 30 ноември 2023 Х.Т. од Прилеп на социјалната мрежа фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост. Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот, но, било утврдено дека дал лажен исказ“, соопшти МВР.

А, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Џ. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Тој, од личен профил на социјалната мрежа фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ