Како што информира МВР, се работи за возило комбе мерцедес спринтер со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска наутро во близина на граничниот премин Табановце, во правец кон Куманово.
Контролата ја извршиле полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при одделот за гранични работи и миграции.
За случајот бил известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.