четврток, 9 јануари 2025

Полицијата откри измама, куќа вредна 21 милион денари го убедиле да им ја продаде за пет пати помала цена

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М. (51) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „измама“. Кривична пријава е поднесена и против С.К. (76) за „помагање“ и „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Според истрагата, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, З.М. и С.К. заеднички го довеле во заблуда оштетеното лице, кое имало одземена деловна способност, да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари. Оштетеното лице, под влијание на пријавените, ја продало куќата по значително пониска цена од 5.231.750 денари.

Со ваквите дејствија, првопријавениот се обидел да се стекне со сопственост врз имот од значителна вредност, додека второпријавениот му помогнал во реализацијата на овој план.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ