сабота, 22 март 2025

Полицијата одзеде возила користени за „диви“ трки

Пред три дена полицијата привремено одзеде четири патнички моторни возила, „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“, поради учество во т.н. „диви“ трки на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.

Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ