недела, 19 мај 2024

Полицијата од Корча заплени 53 кг дрога наменета за пазарот во Македонија (ВИДЕО)

Во рамки на акцијата со кодно име Рестарт 17, албанската полиција уапси жител на Корча во чие возило биле пронајдени 53 килограми канабис, дрога наменета за црниот пазар во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти албанската Државна полиција, лишен е од слобода Е.Г. (46) од Корча во чие возило била пронајдена дрогата со тежина од 53,3 килограми наменета за пазарот во Македонија.

„Специјална полиција при Секцијата за истраги поврзани со наркотици при полицискиот сектор на Корча, по неколкумесечна истражна работа, развиена за борба против прекуграничниот криминал, како и за следење на спроведувањето на мерките во рамките на националните оперативни планови со име Храм и Владеење на правото, во соработка со обвинителството, успешно ја финализираа шифрираната полициска акција Рестарт 17. Како резултат на оваа акција, граѓанинот Е.Г. 46-годишен жител на Корча, е уапсен во момент на сторување на делото“, се вели во соопштението.

Уште се наведува дека полициските служби при контрола на втората линија, на излез од Република Албанија, на граничниот премин Ќафасан, во возилото марка фолксваген, што го управувал овој државјанин откриле 53,3 килограми сомнителна наркотична дрога канабис сатива, поделена на пакувања.

„Како материјален доказ е запленето количеството дрога за кое постои сомневање дека се шверцува во правец на Северна Македонија, заедно со два мобилни телефони и возилото. Продолжуваат истрагите за целосно документирање на настанот и за законска одговорност и на други граѓани инволвирани во оваа криминална активност. Процедуралните материјали му се предадени на обвинителството“, се вели во ова соопштени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ