сабота, 27 јули 2024

Полицијата напиша 740 казни за брзо возење

Сообраќајната полиција со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија вчера регистрира 740 возачи кои возеле побрзо од дозволента брзина.

Објавено на

часот

Сподели

Од санкционираните 740 возачи, 62 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возачи возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возила се регистрирани во населено место, а 362 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ