сабота, 27 јули 2024

Полицијата најде украден автомобил во Ресен и приведе две лица

Во напуштен објект на ул. Илија Николовски Луј во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола, информираа денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Кај нив било пронајдено патничко возило опел астра со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај спортската сала во Битола, соопшти МВР.

Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ