сабота, 26 октомври 2024

Полицијата најде оружје во кичевското село Зајас

Вчера во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50)  од селото Грешница, кичевско.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ