При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка брно ЗХ 321 калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило хјундаи со швајцарски национални ознаки, кое било паркирнао во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 ‘црвена застава’, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57 што нелегално ги поседувал“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.