сабота, 27 јули 2024

Полицијата најде огревни дрва без жиг во тракторски приколки и приведе тројца

Во атарот на село Сирково, општина Росоман синоќа полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ. (58), Д.П. (60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ. (65) од Кавадарци, во чии приколки од трактори биле пронајдени огревни дрва без жиг.

Објавено на

часот

Сподели

„При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг“, информираат од МВР.

Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ