сабота, 27 јули 2024

Полицијата казнуваше со радарска контрола, како и прекршоци на мотоциклисти

Со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија, сообраќајната полиција вчера казни 98 возачи за брзо возење. При акциска контрола на мотоциклисти, казнети се 67 повеќето од нив поради неносење на заштитна кацига.

Објавено на

часот

Сподели

За брзо возење се санкционирани 98 возачи, од кои шестмина возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 33 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место, велат од МВР.

Во Скопје се изречени вкупно 125 казни, од кои 16  за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на црвено светло, четири за користење на мобилен телефон при возење, а три санкции се изречени за некористење на сигурносен појас.

Вчера била спроведена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Казнети се 67 возачи, од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, а 17 возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ