петок, 26 јули 2024

Полицијата изврши претрес во просториите на Европскиот парламент во Брисел поради ширење руска пропаганда

Белгиската полиција утрово изврши претрес во просториите на Европскиот парламент во Брисел, барајќи докази за вмешаност на руската држава во настани на европско тло, јавија белгиските медиуми, без да прецизираат кои простории биле претресувани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата е дел од истрагата за веб-страницата „Гласот на Европа“, која е во фокусот на јавноста од март, кога чешките разузнавачки служби открија постоење на мрежа финансирана од Москва што шири проруска пропаганда преку таа веб-страница и се обидува да влијае на резултатите од европските избори следната недела.

Белгискиот премиер Александре Де Кру претходно објави дека белгиското федерално обвинителство отворило истрага за руското влијание во Европскиот парламент поради сомневањата дека некои пратеници биле платени за да шират проруска пропаганда.

Кон средината на месецот беа извршени претреси и во Германија.

Властите извршија увид во просториите што во Бундестагот ги користеше парламентарецот и еден од водечките кандидати на германската АФД, Петр Бистрон, како и неговите имоти во три области на Баварија и Мајорка, поради сомневање дека има врски со „Русијагејт“.

Тој е „откриен“ во акција на чешката разузнавачка служба, која го сомничи дека примил 20.000 евра од украинскиот олигарх близок до Русија, Виктор Медведчук, познат како главен финансиер на службата „Гласот на Европа“.

Во тоа време, Бистрон ги негираше обвинувањата.

Гласот на Европа, РИА новости, Известија и Росијска газета се четирите медиуми чие емитување беше забрането од ЕУ кон средината на мај, поради ширење и поддршка на руската пропаганда и војната во Украина.

„Овие медиуми се под постојана директна или индиректна контрола на руското раководство и беа од суштинско значење и користени во иницирањето и поддршката на руската агресивна војна против Украина, како и за дестабилизација на нејзините соседни земји“, рече во тоа време Советот на ЕУ.

Како што наведоа, „Русија се вклучи во систематска, меѓународна кампања на манипулација со медиумите и информациите, мешање и сериозно искривување на фактите за да ја оправда и поддржи својата војна во Украина и да ја унапреди својата стратегија за дестабилизација на соседните земји, како и на ЕУ и нејзините земји-членки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ