четврток, 26 декември 2024

Полицијата го уапси разбојникот кој „оперираше“ кај Железничката станица во Скопје (ВИДЕО)

Вчера утрото во село Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го уапсиле Д.П. кој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела разбојништво и тешка краба на дрзок начин за кого граѓаните пишуваа и бараа помош и на социјални мрежи.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил задржан во полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.

Како што соопшти претходно Јавното обвинителство, ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ