сабота, 19 октомври 2024

Полицијата го пронајде арачиновецот кој пред две недели пукаше во две лица

МВР соопшти дека го расчисти случајот со обидот за убиство на две лица во Арачиново што се случи на 29 август. Уапсен е 22-годишен жител на Арачиново кој пукал во двете лица.

Објавено на

часот

Сподели

По извршени претреси на повеќе локации во Арачиново е пронајден 22-годишниот Е.А. (22) кој е лишен од слобода, велат од МВР и потсетуваат дека на 29 август околу 21 часот било пукано од огнено оружје кон А.И. (25) и В.Б. (29), двајцата од Арачиново. Ранет бил А.И. кој бил пренесен во Клиничкиот центар.

Од МВР велат дека е поднесена кривична пријава против Е.А., на кого му е определен притвор во траење од 30 дена. Кривична пријава е поднесена и против други две лица инволвирани во случајот, Е.Б. (29) и В.А. (27), кои се исто така од Арачиново.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ