сабота, 27 јули 2024

Полицијата го најде автомобилот од кој било пукано кон куќа во Тетово

Тетовската полиција информира дека ноќеска е најдено возилото од кое е пукано кон куќа на улицата Илинденска во Тетово околу 22.45 часот. Возилото 15 минути претходно било украдено од сопствениците кои добиле закани со оружје.

Објавено на

часот

Сподели

Пукањето во полиција го пријави тетовецот М.Т. кој изјавил дека било стрелано од автомобил фолксваген поло.

„Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.

При вчерашното пукање нема повредени лица, а биле направени оштетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ