сабота, 27 јули 2024

Полицијата фати петмина осуденици кои се криеле за да не одат во затвор

Вчера наутро во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Д.(32),  М.Ш.(34) и О.И.(30), сите од Куманово. Попладнето пак, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 48 годишниот битолчанец Т.М. Во речиси исто време штипската полиција го уапсила С.С.(42) од Штип.

Објавено на

часот

Сподели

Сите петмина се барале со судски налог за издржување на казна затвор.

Тројцата кумановчани биле спроведени во затворот К’шање за издржување на казните.

Битолчанецот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Битола, а штипјанецот бил спроведен во затворот во Струмица за издржување на казната.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ