вторник, 22 октомври 2024
Зголемено е присуството на службени лица

Полицајци во Скопје легитимираат граѓани и претресуваат возила за побезбеден град

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица, кај сите бил извршен и преглед, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Преглед бил извршен и на 38 моторни возила и три мотоцикли. Приведени биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик и две лица поради недозволено поседување на  оружје.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, нагласуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ