сабота, 27 јули 2024

Полицаец тепал со пендрек, доби кривична пријава

Полицаец на служба во Пехчево доби кривична пријава заради тепање на еден човек со полицискиот пендрек на кого му нанел телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Кривичната пријава до надлежното обвинителство против полицаецот Б.Б. ја поднесе Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Б.Б е полициски службеник во полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Тој се сомничи за сторено кривично дело – малтретирање во вршење на службата, за што се одговара по член 143 од Кривичниот законик.

„На 13 април при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од селото Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ