недела, 20 октомври 2024

Полицаец со службено „јети“ удри во 42-годишна жена

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица Маршал Тито, службено возило на МВР шкода јети, управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино“, појасни Ѓаковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ