сабота, 27 јули 2024

Полицаец нападнал полицајци, МВР го суспендираше од работа

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против 51-годишниот полициски службеник А.А. од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„На 31 март во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево“, појаснуваат од МВР.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина согласно Колективниот договор на МВР и дадени биле задолжителни мерки, полицаецот да се отстрани од работното место, до донесување на решение во дисциплинската постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ