сабота, 27 јули 2024

Полицаец ќе одговара затоа што попречувал колеги да однесат затвореник во Клинички центар

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.  полицаец вработен во одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради сомнение дека сторил кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднел предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

„На 28 октомври 2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники Мајка Тереза, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Идризово до комплексот клиники“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ