сабота, 27 јули 2024

Полицаец евидентирал влез на Турци иако не се појавиле на граница (ВИДЕО)

МВР поднесе кривична пријава против двајца полицајци затоа што едниот евидентирал влез на турски државјани во Македонија иако тие не се појавиле на граничниот премин, а вториот полицаец затоа што „замижал“ на кривичното дело. Министерот Панче Тошковски на Фејсбук сподели видео-запис од граничниот премин.

Објавено на

часот

Сподели

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против М.И. и К.С., полициски службеници во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в oд Кривичниот законик.

На 31.01.2024 и 05.02.2024 првопријавениот М.И. евидентирал лица државјани на Република Турција кои не оствариле влез на граничниот премин и кои воопшто не биле присутни на граничниот премин во тие денови. Второпријавениот К.С., раководител на смена, не извршил должен надзор врз работата на првопријавениот и на тој начин им овозможиле на лицата да го регулираат престојот во државата и покрај тоа што како странци го пречекориле дозволениот период за престој согласно законските прописи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки именуваните да бидат отстранети од работното место и од министерството до завршување на дисциплинската постапка“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ