сабота, 27 јули 2024

Полета првиот турски борбен авион од петтата генерација (ВИДЕО)

Турскиот борбен авион од петтата генерација го изврши својот прв лет, објави денес порталот кој ги следи турската одбранбена индустрија и воената авијација Савунмасанајист.

Принскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, турската војска би требало да ги добие своите први ловци од тој тип во 2028 година.

Пробниот лет првично беше закажан за декември, но беше неколку пати одложуван.

Турската компанија Туркиш аероспејс индустрис (ТУСАС) потпиша договор со британската компанија БАЕ системс вреден 125 милиони долари во 2017 година за развивање авион од следната генерација.

ТУСАС објави снимка на која се гледа како борбениот авион полетува, а потоа се враќа во воздухопловната база на северот на Анкара.

„Со КААН, нашата земја не само што ќе има борбени авиони од петтата генерација, туку и технологија која малку држави во светот ја имаат“, порача Халук Горгун, шефот на Директоратот за одбранбена индустрија на Турција на Икс.

Турција сака борбените авиони да користат мотори од домашно производство, додаде Горгун, а производството се очекува да почне во 2028, пренесува Ројтерс. Новите борбени авиони засега ќе летаат со два мотори Ф-110 на Џенерал моторс, кои се користат за авионите Ф-16.

Турција неодамна потпиша договор за набавка на 40 ловци Ф-16 и модернизација на своите авиони од истиот тип. Соединетите Американски Држави ѝ воведоа санкции на турската одбранбена индустрија во декември 2020 година поради купувањето руски противвоздушен систем С-400 и ја исфрлија Анкара од програмата на борбените авиони Ф-35.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ