петок, 3 јануари 2025

Поларните температури блокираа три генератори

Објавено на

часот

Сподели

Поради дефектот принудно биле исклучени три генератори во термоелектраната Битола.

Дефектот се случил околу 4 часот изутрина, а неофицијално претходно се чула и силна експлозија.

Од МЕПСО, компанијата задолжена за пренос на електрична енергија, потврдија дека имало дефект во „Битола2“, но не можеа да соопштат детали, а нагласија дека нема опасност од прекини на струја.

„Поради екстремно ниски температури во регионот на Битола, кои во ноќните часови биле пониски од минус 25 Целзиусови степени, настана дефект во електроенергетскиот систем (РЕК Битола и ТС 400/110 kV „Битола 2“), на чие отстранување работат стручни лица. Причините за дефектот дополнително ќе ги утврди надлежна стручна комисија. И покрај дефектот, нема безнапонска состојба и сите точки на мрежата добиваат напојување со електрична енергија“, изјавија од МЕПСО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ