Без струја останаа градовите Берати, Валона, Фиери, Драч, Лушња, Каваја, Шкозети, пренесува Еуроњуз на албански. Според неофицијалните информации на ОСТ (операторот на преносниот систем), дошло до дефект на високонапонски вод.
Дури и регионалната болница Валона останала без струја. Според информациите од дирекцијата на болницата, ходниците и собите се во мрак, а благодарение на агрегат, струја има во важните одделенија и во операционите сали. Единствената светлина вечерва на југот на Албанија се автомобилските светла.