четврток, 30 мај 2024

Покетино: Тоа што се случи е срамота, ова не е шега

Челси го победи Евертон со 6-0, но имаше и негативен момент на мечот кога Мадуеке и Џексон се обидоа да му ја земат топката на Палмер и тие да шутираат пенал.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Палмер е изведувач на пенали во Челси, Мадуеке и Џексон сакаа да шутираат, па настана мешаница, тројцата играчи на сините се скараат среде натпревар.

„Палмер е изведувачот на пенали. Тоа нема да се повтори, не можеме да се однесуваме како деца повторно“, рече Покетино по мечот.

„Срамота. Им реков на фудбалерите дека ова е последен пат што ќе прифатам вакво однесување. Ова не е шега“.

„Повторно ќе кажам, многу е јасно, Кол Палмер е нашиот изведувач на пенали“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ