сабота, 27 јули 2024
Долга е листата за отстрел

Покетино безмилосен, од Челси можат да заминат дури 15 фудбалери!

Објавено на

часот

Сподели

Со Тод Боли како газда, Челси трошеше како никој претходно и беа одвоени преку 600 милиони на нови засилувања во изминатите два преодни рока. Составот на „сините“ е премногу широк, па на сите им е јасно дека Маурисио Покетино ќе мора да направи чистка.

Како што пишува Дејли Мејл, списокот е прилично долг и дури 15 фудбалери можат да си заминат од Челси.

На листата за отстрел се имиња како Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Хаким Зијеш, Н’голо Канте, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Пјер Емерик Обамејанг, Цесар Аспиликуета, Калум Хадсон Одои, Мејсон Маунт, Конор Галагер, Тревор Чалоба и Рубен Лофтус Чик.

Како дел од чистката, Жоао Феликс нема да биде купен и ќе се врати во Атлетико Мадрид по крајот на позајмицата, а истото важи и за Денис Закарија, кој ќе се врати во Јувентус.

Весникот додава дека барем 10 фудбалери мора да си заминат со цел составот на Челси да дојде на оптимално ниво за менаџирање, а Пулишиќ, Обамејанг, Зијеш, Менди и Одои се посочуваат како играчи кои речиси сигурно заминуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ