Од Вреди истакнуваат дека оваа покана е признание за изградбата на силни врски со новата американска администрација и зајакнувањето на соработката со една од најважните меѓународни партнери на земјата.
„Овој настан одразува уште еден значаен чекор кон продлабочување на односите со САД, кои се клучни за понатамошна поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Лидерите на Вреди отсекогаш се залагаа за инклузивна демократија и евроатлантска ориентација, како во опозиција, така и сега на власт,“ се наведува во соопштението.
Соединетите Американски Држави играат важна улога во поддршката на Македонија од нејзината независност, особено во процесите на интеграција во НАТО и Европската Унија. Од Вреди истакнуваат дека САД значително придонеле во борбата против корупцијата, зајакнувањето на владеењето на правото, промовирањето на економски развој и создавањето инклузивно мултиетничко општество.
„Присуството на нашите лидери на овој значаен настан е посебна чест и признание за посветеноста на ВЛЕН кон зајакнување на соработката со Вашингтон, која ќе продолжиме да ја унапредуваме,“ додаваат од коалицијата.
Претставниците на Вреди нагласуваат дека оваа покана ја отсликува важноста на односите меѓу САД и Македонија, кои се темел за продолжување на демократските реформи и градењето на стабилна иднина за земјата.