петок, 25 октомври 2024

Покачувањето кај медицинските сестри не го решава проблемот на соодносот на платите со оние на лекарите, реагираат од ЗМСТАС

Објавено на

часот

Сподели

Последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги остави медицинските сестри на сооднос 1:3 наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно 1:5 по основ на додатоци на плата, реагираат од ЗМСТАС.

„Бараме да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде 1:2, особено кај сестрите со Средна стручна спрема. Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри. Нема никаков проблем платата на лекарите да достигне и до 300 000 денари, но и соодносот со медицинските сестри да биде според законската регулатива 1:2. Исто така бараме надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри бидејќи истиот не се спроведува во голем број болници. Конкретно анекс договорот за Висока стручна спрема сѐ уште не е спроведен во сите Јавно здравствени установи (ЈЗУ). Во некои е делумно, во некои се спроведе, а за 120 медицински сестри во многу ЈЗУ сѐ уште систематизацијата е параван за неспроведување на анексот договорот, не се поставени со решенија и немаат признаено образование иако земаат финансиски додаток кој патем не се пресметува во платата“, реагираат од ЗМСТАС.

Оттаму велат дека „за сите други, дури и непостоечки работни места сведоци сме дека се  отвораат нови советнички работни места, односно истите веднаш се реализираат и се поставуваат со решенија“.

Со вакви недостатоци, реагираат од ЗМСТАС, во групите на медицинските сестри тие немаат  можност да бидат платени по вештини, знаење, искуство… „едноставно немаат можност за кариерен развој“.

„Прашуваме кој е одговорен и зошто сѐ уште не се поставени крајни рокови и надзор за реализација? Проблемите на медицинските сестри се многу, но во синдикални рамки основен е проблемот со групите и коефициентите во колективните договори, особено кај медицинските сестри со Средна стручна спрема“, реагираат од ЗМСТАС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ