петок, 26 јули 2024

Појаснувања од САД – злоупотреби на Јакимовски при урбанистичкото планирање, грешка со починатиот сопруг на Јанева

Јакимовски ја злоупотребил својата јавна функција со мешање во јавните процеси, јавните набавки и урбанистичко планирање, за лична корист и во корист на неговите соработници, се вели одговорот на прес-службата на Стејт департментот на прашањата на Гласот на Америка (ВОА) на македонски јазик.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од пред два дена Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и актуелен претседателски кандидат и Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство се на црната листа на САД. За Јакимовски ова е „мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата“.

„Делот 7031(c) предвидува дека функционерите на странски влади за кои државниот секретар има кредибилни информации за директна или индиректна вмешаност во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, не се подобни за влез во САД“, изјавија од Стејт департментот.

На црната листа се и членови на нивните потесни семејства, за вклученост во коруптивни дела, поткопување на владеење на правото и довербата на јавноста во демократските институции.

Јакимовски денеска поднесе кривична пријава против непознато лице до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изјави дека бара да се спроведе истрага и дека е подготвен да одговара дури и пред истражните органи на САД, но рече дека има граѓани за кои смета дека се одговорни, како што вели, за целата подготовка на оваа операција и ја поврзува со нивно директно вмешување во изборната трка за претседател. Кои се тие луѓе не посочи.

Јанева отслужува затворска казна од седум години за случајот Рекет од јули 2021.

Административна грешка е, гласи одговорот од Амбасадата на САД во Македонија, за ставањето на починатиот сопруг на бившата шефица на СЈО, Катица Јанева, на американската црна листа, објави ТВ Телма.

Покрај Јанева, како што беше објавено, забрана за влез во САД добиле и нејзиниот син Лазар, а во првичното соопштениe беше наведен и одамна починатиот сопруг на Јанева, Венци Јанев.

Од Амбасадата за ТВ Телма ја потврдуваат грешката и велат дека имааат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив, според американскиот закон, за Јанева да биде ставена на црната листа.

„Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, велат од Амбасадата на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ