четврток, 24 октомври 2024

Погребен Алексеј Навални, полицијата уапси неколку луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку две лица – меѓу кои и еден опозициски политичар – се приведени за време и по погребот на Навални во Москва, пренесе Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицајците приведоа маж што поминувал преку мостот Братеевски на пат кон гробиштата каде што се одржуваше погребната церемонија за Навални.

Медиумите велат дека неколку лица биле приведени и во градовите Екатеринбург и Новосибирск во централна Русија.

Руските власти не ја коментираа јавно оваа тема.

Ковчегот на Навални спуштен во земјата

Ковчегот на Алексеј Навални беше спуштен во земја додека оркестарот ја свиреше „My Way“ на Френк Синатра, една од омилените песни на Навални, рече неговиот сојузник Леонид Волков во пренос во живо. Додека телото беше положувано, оркестарот свиреше и музика од Терминатор 2, напиша на Телеграм соработникот на Навални, Иван Жданов. „Алексеј мислеше дека Терминатор 2 е најдобриот филм на Земјата“, напиша неговата портпаролка Кира Јармиш на Икс.

 

Во меѓувреме во близина на гробиштата се собираа толпи луѓе, кои бараа да бидат пуштени да се простат. На некои им беше дозволено да влезат на гробиштата, но голем број луѓе останаа надвор.

Луѓето што влегоа да се простат од Алексеј Навални положуваа цвеќе во близина на неговиот портрет и фрлаа земја во неговиот гроб. Сепак, големи толпи останаа пред портите, импровизирано оддавајќи му почит на Навални.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Таткото на Навални се збогува со синот. Фото: ЕПА
Мајката на Навални покрај ковчегот со телото на синот. Фото: ЕПА

Вдовицата на Алексеј Навални, Јулија Навалнаја, се збогуваше од сопругот на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му се за „26 години апсолутна среќа“.

„Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да направам да бидеш среќен за мене и да се гордееш со мене таму горе. Не знам дали ќе успеам или не, но ќе се обидам“, напиша Навалнаја. „Те сакам засекогаш. Почивај во мир.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ