Електрана во областа Буреиј во Централна Газа, од витално значење за снабдување со електрична енергија, беше погодена во израелски напади и се запали, пренесува Ал џезира.
Поради интензитетот на израелските напади, централата се запали, при што сериозно беа оштетени сите четири генератори и физичката инфраструктура околу неа.
Ова ќе предизвика дополнителни страдања за Палестинците по завршувањето на војната, дополнително ќе го отежни снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа и ќе ги влоши и онака неподносливите услови за живот, вели АЏ.