недела, 20 октомври 2024

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка по повод Рамазан (Фитр) Бајрам

Објавено на

часот

Сподели

„Во овие среќни денови Рамазанската школа нè научи да не ги заборавиме нашите луѓе кои имаат потреба: сиромашните, сираците, инвалидите но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, давањето на Садакатул Фитр ни стана обврска, како што Божјиот Пратеник ни покажа дека со давање на Садакатул Фитр го прочистуваме нашиот пост од прекумерни зборови. Со еден збор, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела“, вели во честитката Фетаи.

Со еден збор, се посочува во честитката на поглаварот Фетаи, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското.

„Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела. Во овие денови на радоста на Фитр Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах, да ни даде сила на верување, можност да се одвратиме од гревовите, храброст да простиме и да се помириме, да се насмееме со другите, да негуваме сегашна и уште посветла иднина, да создадеме подобри можности и услови во нашето општество за да го запреме трендот на економски миграции. Го молиме Семоќниот Аллах да им даде радост и надеж на срцата на сиромашните, луѓето со физички и духовни проблеми, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарни на Големиот Бог за неговите добринии што ни ги дал“, се истакнува во честитката на Фетаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ