среда, 23 октомври 2024

Поглаварот на Исламската заедница на БиХ ги повика имамите да се молат за дожд

Поглаварот на Исламската заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ им препорача на своите имами да се молат за дожд за да се ублажат последиците на жештините и повеќемесечната суша која ја погоди таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што денес објави информативната агенција на Исламската заедница на БиХ (МИНА) со временските прилики се бавеле и во Управата за верски работи на ријасетот (поглаварството) на ИЗ и констатирале дека сушата и жештините во БиХ и регионот донеле бројни тешкотии на земјоделството, изворите, потоците и реките, што, меѓу другото, резултирало и со бројни пожари.

Заклучиле дека и во оваа ситуација е најдобро да се побара спас од Алах, господарот на световите. „Во негова моќ е давањето, спуштањето и ускратувањето на дождот“, се наведува во невообичаената изјава.

За со Божја помош да се сменат временските прилики реисот Кавазовиќ препорачал имамите на сите молитви со другите верници да измолат „дождовна молитва“ и да го замолат Алах да им ги прости гревовите, да им се смилува на своите робови и другите суштества и да пушти дожд на испуканата босанскохерцеговска земја.

Од поглаварството на Исламската заедница во БиХ наведуваат дека не е прв пат во нивните молитви да се моли за дожд, а за сè наоѓаат основа во Куранот кој, како што истакнуваат, ги потсетува верниците дека една од причините за сушата е истрајноста на луѓето во гревот и воздржувањето од барање прошка од Алах.

Повикот до имамите во БиХ да се молат за дожд е испратен во момент кога метеоролозите најавија промена на временските прилики и во БиХ од недела, вклучувајќи врнежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ