сабота, 27 јули 2024

Поглаварите на СПЦ и МПЦ-ОА ставија крај на расколот

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање поглаварот на СПЦ Порфирије меѓу другото рече:

„Eден е Господ, една е Црквата, го чуваме единствениот поредок, ја чуваме верата и ја пројавуваме таа вера. Нема единство без вера. Тоа важи за секоја парохија, за една помесна црква, за сето православие. Ние проповедаме да веруваме во една апостолска црква. Една црква, еден Господ. Единството во верата и во преданието на црквата извира од света литургија. 

Оние сили кои се противат на Господ, кои не го сакаат него, браќа и сестри, нив ги нарекуваме демонски сили. Тие ќе прифатат сѐ освен единство, нив им е потребен раскол, да го раскинат човекот на делови.

Еве, без оглед на тие сили, нашата цел е да ја исполниме желбата на Христос, едно да сме. Браќа и сестри, овој раскол кој траеше 55 години, направи длабока рана која боли. Со таа мисла на исчечување раната да се исцелува заспивавме и се будевме. Не може раната само со наши сили да биде исцелувана. Затоа велам, тоа е чудо господово. Сѐ што имаме од Бога сме добиле, а кога трпиме најчесто е последица на наши погрешни чекори. Разбравме дека има рана која е отворена од нашите постапувања. Затоа се обративме до сите цркви да го направиме тоа што не ни одеше од рака. Тој момент кога тоа го помисливме, се случи чудото неочекувано. Нашата радост е незмерна денеска, тоа е радост. Ние сме во црквата едно. Овој одзив на браќата и сестри од Србија и од Македонија покажува дека е добро и честито срцето на нашите народи и силно чука за сите нас, во ритамот на Христос. Покажува дека Господ нѐ виде и нѐ погали. Единствено нешто што не смееме да чиниме, е да ја спречуваме волјата на Господ. Еве, денеска сме заедно во храмот ‘Свети Сава’. Иако знаме дека црквата е пирамидално поставено, се согласивме делувањето да биде обратна пирамида, народите да бидат на врвот, а ние на дното. И да служиме. Црквата и Христос во нас и меѓу нас да растат. Да бидеме слуги на слугите, мирот на Господ да биде секогаш со нас и љубовта негова и единствното да е свето.

Добродојдовте, благословете нѐ и пренесете ги и нашите поздрави до нашата и вашата Црква и народ. Господ со нас и со вас за век векови“.

Во своето обраќање поглаварот на МПЦ-ОА г.г..Стефан , меѓу другото рече:

„Најнапред да му благодариме на Бога за денешниот ден, за даруваната љубов со која ја прегрна древната Охридска архиепископија возобновена како Македонска православна црква. Да му благодариме на Бога за неизмерната радост со која ги исполни душите и на сите кои во изминатите два и пол века се надеваа дека ќе се отргне неправдата и дека ќе дојде време да завршат голготските страдања за македонскиот православен народ и за Црквата Охридска и Македонска.

Ете колку се радува Господ на победата на животот над смртта. Се радуваме на преминот кон канонското општење. И му благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај патријархот Порфирие заедно со Соборот на СПЦ, со кои сме по само неколку дена од актот на Синодот на Вселенската патријаршија и кои, во истиот тој дух, донесоа евхаристичко и каононско единство помеѓу нашите цркви. Со волјата потврдена и на заедничката богослужба во овој преубав Храм го покажавме заедништовто во делото на Христос. Го потврдивме единството меѓу нашите две цркви и со тоа со сите помесни цркви. Да му благодариме на Господ што ги слушна молитвите на народот. Па да продолжиме да го молиме Бога со својата сесилна рака да нѐ води во служење на верата за да ја покажеме силата на верата и да веруваме во неговиот син Исус Христос и да се љубиме еден со друг како што ни заповедал Господ.

Двете возљубени сестрински цркви ги залечија раните. Затоа му благодармие на Бога што со негова помош сме удостоени да бидеме братољубиви и да сме учесници на дело кое му е мило и на кое ќе се радуваат век векови.

На воспоставеното единство меѓу нашите две, а со тоа и со сите помесни цркви, се радуваат и Свети Клименти и Свети Сава.

МПЦ-ОА ќе продолжи по патот што му служи на мирот, по патот што ќе биде и пат за конечно решавање на автокефалниот статус. Ние веруваме дека уште деновиве ќе доживееме полна радост со помош на Господа и со помош на Вас.

Знаеме колку е важно да помогнете повеќедецениската тага да се претвори во радост. Свесни сме дека сме повикани да се облечеме во љубов, која поврзува во соврешеноство, во мир. Со божја помош ќе помогнеме да растеме како Црква.

Во братска Србија, со братскиот народ, верувме во добро. Ваша светост, сакаме особено Вам да ви заблагодариме за грижата Христова, за иницијативата да се сретенеме и да дадеме предлози за решавање на спорот меѓу двете цркви. Вам, ви лагодариме за едномислењето со Вартоломеј да се прифати македонскиот православен народ во евхаристичко и канонско единство, што се потвртди со денешната заедничка богослуижба“.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ