четврток, 26 декември 2024

Поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, Стефан и Порфириј на Свети Сава во Скопје

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, воедно и претстедател на Демократската партија на Србите во Македонија, денеска на социјалните мрежи најави дека на 27 јануари, на традиционалната Светосавска академија во Скопје, ќе присуствуваат поглаварите на Српската православна црква, Порфириј, како и архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

Објавено на

часот

Сподели

„Во продолжение на вчерашните разговори со неговата светост, српскиот патријарх Порфириј , денеска во Соборниот храм се сретнав со неговото блаженство, г.г. Стефан – поглаварот на Македонската православна црква. Можам да ве информирам дека на највисоко црковно ниво, со присуство на двајцата црковни големодостојници, на свечената Светосавска академија , ќе го одбележиме  националниот празник на Србите во Македонија, 27 јануари, Денот на Свети Сава“, се наведува во објавата на социјалните мрежи на министерот во македонската влада, Иван Стоилковиќ.

Инаку, на 27 јануари се чествува Свети Сава, кој се смета за основоположник на Српската православна црква, а е и национален празник на Србите во Македонија. Светосавската академија, секоја година е во организација на Демократската партија на Србите во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ