сабота, 27 јули 2024

Погба му кажал ДА на Сити но во последен момент се предомислил поради една причина

Објавено на

часот

Сподели

Пол Погба ги одработува последните месеци со „ѓаволите“ и е во потрага на нов клуб. Неодамна се појавија изненадувачки гласини за негова преселба во лутиот градски ривал Манчестер Сити.

Тајмс сега открива што точно се случувало, весникот пишува дека не се работело за обична шпекулација, преговорите помеѓу двете страни биле сериозни и Пол Погба во еден момент кажал ДА.

Французинот сепак на крајот се предомислил и се повлекол од зделката. Тајмс вели дека фудбалерот се плашел од гневот на навивачите на Манчестер јунајтед и сметал дека тешко ќе може да живее во градот доколку ја предаде црвената половина на Манчестер.

Со Манчестер Сити надвор од конкуренција, Јувентус е прв фаворит за потписот на Пол Погба, „старата дама“ ќе води битка со ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ