Јувентус го чекаше и вториот тест за да одлучи дали да го раскине договорот со Пол Погба, откако стигнаа резултатите, голема е веројатноста дека ќе следи разделба.
Суспензијата ќе биде од две до четири години. Погба би добил две години суспензија доколку се докаже дека ненамерно ја земал сусптанцата од која е позитивен на тестостерон, во спротивно казната веројатно ќе биде максимална.
Погба има 30 години, па доколку добие четиригодишна суспензија, големи се шансите ова да е и крај на неговата кариера.