Според Тодоров, со намалување на големопродажната цена на лековите ќе се намали и нивната малопродажна цена.
„Просечното намалување на цените изнесува 32,54 отсто, а кај мал број лекови и до 70 проценти. Квалитетот на лековите не е доведен во прашање“, изјави тој на денешната прес-конференција.
Тодоров истакна дека најголеми намалувања на цените има кај лековите за онколошки заболувања, за бронхијална астма, за цистична фиброза, кај антибиотиците и кај многу други лекови.
Тој додаде дека Министерството на овој начин спровело една од најголемите реформи во делот на лековите во Македонија.
Поевтини лекови од 1 февруари
Објавено на
часот