сабота, 27 јули 2024

Поетски портрет на Веле Смилевски во Битола

Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, денеска во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски.

Објавено на

часот

Сподели

За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.

Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ