сабота, 27 јули 2024

ПОЕН: Уставните измени да се донесат годинава, кочничарите ќе сносат историска одговорност

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот одбор на ПОЕН е на ставот дека патот кон целосна интеграција на земјата во ЕУ, како и бескопромисната борба против корупцијата се врвен и апсолутен приоритет во активностите и
политичкото дејствување на партијата.

„Уставните измени треба да бидат само во делот околу внесувањето на заинтересираните заедници односно делови на народи во Преамбулата на Уставот, како и во делот на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, во согласност со потпишната и ратификувана Рамковна конвенција за заштита на национаните малцинства при Советот на Европа.

ПОЕН смета дека прашањето со јазикот и ’20 проценти’ од амадманот 5 на Уставот треба да остане во духот на Охридскиот рамковен договор, а поединечните случаи од исполнувањето на условите предвидени со
Уставот, да се реши со примена на механизмот на уставен закон.

Впрочем таков уставен закон врз основа на амандамот 5 од Уставот требаше да се донесе уште во 2002 година, веднаш по објавувањето на податоците од пописот на населеннието, откако овој амандман се усвои и
влезе во сила“, се вели во соопштението на ПОЕМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ