„Ги известувам сите пријатели и поддржувачи дека од денеска не сум претседател на Движењето Беса во Гермо и дека заедно со целата структура и со Рафиз Медија го продолжуваме нашиот политички ангажман со претседателот Аријанит Хоџа во рамки на Европската демократска партија“, обајви Исмани кој е вработен во администрацијата на Општина Тетово.
Истовремено и Рафиз Медија на Фејсбук објави дека по консултациите со сите пријатели кои го поддржувале сите години на неговата политичка активност, со Исмани решил да го продолжи политичкиот ангажман заедно со претседателот на Европската демократска партија, Аријанит Хоџа.
Веста за овој политички трансфер ја објави и лидерот на Европската демократска партија, Хоџа.
„Продолжуваме со проширување на структурите во сите населени места и отворивме врати за сите оние кои сакаат заедно да ја градат новата политичка генерација во државата“, објави лидерот на партијата.
Инаку, и самиот Аријанит Хоџа ја напушти Беса минатата година и тоа од позицијата заменик претседател на Движење Беса и формираше нова партија.
Партијата на Хоџа не е дел од албанскиот опозициски блок Вреди и е во преговори со Демократската унија за интеграција за можен заеднички настап на изборите.
Во исто време, лидерот на Беса, Биљал Касами објави дека две познати личности станале членови на партијата.
П.Џ.