петок, 21 март 2025

Подобрување кај еден од повредените во кочанскиот пожар на лекување во Белград, тројцата пациенти во Ниш – во релативно стабилна состојба

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.

„На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и многу тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување“, изјави за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа.

Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим, при што биле запознаени со состојбата на тројцата пациенти хоспитализирани во оваа установа.

Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но истите остануваат под внимателен лекарски надзор и соодветна терапија.

„Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти“, се наведува во објавата на Фејсбук на Министерството за здравство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ